play_arrow

keyboard_arrow_right

Listeners:

Top listeners:

skip_previous skip_next
00:00 00:00
playlist_play chevron_left
  • cover play_arrow

    Radio Skver 106.7 FM Radio Skver 106.7 FM

Настани

Кендрик Ламар води со 10 номинации на Американските музички награди 2025

todayмај 7, 2025

Background

Кендрик Ламар доминира на номинациите за Американските музички награди (AMAs) 2025, со вкупно 10 номинации, вклучувајќи ги категориите „Изведувач на годината“ и „Албум на годината“ за неговиот проект GNX. Меѓу номинираните песни се и неговата нашироко дискутирана трака „Not Like Us“, која се смета за директен одговор на неговата тековна расправија со Дрејк.

Ламар, кој веќе има три AMAs награди, е исто така номиниран за „Омилен машки хип-хоп изведувач“, „Омилен хип-хоп албум“ и три пати во категоријата „Омилена хип-хоп песна“ за „Like That“ (со Фјучр и Метро Буми), „Not Like Us“ и „Luther“ (со СЗА).

Ако ги освои сите номинации, Ламар ќе се израмни со Мајкл Џексон и Витни Хјустон по бројот на освоени AMAs награди во една година.

Други истакнати номинирани се Пост Малоун со осум номинации, вклучувајќи „Омилен машки кантри изведувач“ и „Омилен кантри албум“ за F-1 Trillion, како и Били Ајлиш, Чапел Роан и Шабузи со по седум номинации.

Церемонијата ќе се одржи на 26 мај 2025 година во Лас Вегас, со водителка Џенифер Лопез, која исто така ќе настапи на сцената . Настанот ќе се пренесува во живо на CBS и ќе биде достапен за стриминг на Paramount+.

Гласањето за фановите е отворено до 15 мај преку VoteAMAs.com и официјалниот Инстаграм профил на наградите, со исклучок на категориите „Соработка на годината“ и „Социјална песна на годината“, кои ќе останат отворени за гласање во првите 30 минути од емитувањето на церемонијата.

Written by: Алек


БЕСКРАЈНА ЗАБАВА