Натали Бергман со нов сингл „Dance“: Мотаун вибрации во калифорниската пустина
Американската пејачка и композиторка Натали Бергман го претстави својот нов сингл „Dance“, придружен со музичко видео, како најава за нејзиниот втор студиски албум My Home Is Not In This World, кој ќе биде објавен во текот на летото. „Dance“ е вториот сингл од албумот, по „Gunslinger“, и претставува „Мотаун-инспирирана танцова забава филтрирана преку синтисајзери и домашно создаден ритам“. Музичкото видео ја следи истата естетика, комбинирајќи ретро елементи со современа продукција. […]