todayмај 8, 2025
Фановите на Ед Ширан добија неверојатен подарок – изненадувачки концерт во срцето на Ипсвич, неговиот роден крај. Британската поп-ѕвезда не само што приреди интимен настап во локален паб, туку и го презеде објектот за цели две недели, преименувајќи го во чест на својата нова песна.
Пабот „Thomas Wolsey“ во центарот на Ипсвич, познат по своето традиционално англиско наследство, моментално го носи името „The Old Phone“ – инспириран од истоимената песна од најновиот албум на Ширан, „Play“. Привремената промена на името ќе трае две недели, по што пабот ќе се врати на оригиналното име.
Настанот беше дел од серијата поп-ап настани на Ед Ширан, кои тој ги организира низ светот – со слични верзии на „The Old Phone“ поставени и во Масачусетс, САД, како и на фестивалот Коачела во Калифорнија. Но, за Ипсвич, ова беше нешто посебно.
Настапот беше најава преку Ватсап-порака до одбрани фанови, кои добија ексклузивни покани. Многумина сепак дојдоа со надеж дека ќе успеат да влезат, ако се ослободи место.
28-годишната Рејчел Клементс од Стомаркет изјави:
„Многу сум возбудена што тој прави нешто толку интимно, токму тука, во нашиот град. Една од неговите песни беше и нашата свадбена песна минатата година – се надевам дека ќе ја отпее и вечерва.“
Фанката Алисa Али, 20-годишна Американка од Флорида, имала среќа – случајно престојувала во хотел осум минути од пабот.
„Го сакам Ед веќе 10 години. Вчера шетав низ Ипсвич, а денес тој се појави тука! Го гледав и во живо во САД, но ова е нешто сосема друго – ова е неговиот дом.“
Мајкл Марон, 38, од Ипсвич, додаде:
„Го видов истиот концерт во Америка и се прашував дали ќе го повтори и тука. Ед секогаш се враќа во Ипсвич и му се оддолжува на својот народ. Тоа е прекрасно.“
Ширан направи саундчекинг пред настапот и изведе песни од новиот албум, како и некои од најголемите хитови. Атмосферата била топла, блиска и полна со емотивни моменти – токму како што неговите фанови и очекуваат.
Оваа акција е дел од поширока кампања за најавените концерти на Ед Ширан во Ипсвич во јули, кои ќе се одржат на стадионот „Портман Роуд“. Тој е и делумен сопственик на фудбалскиот клуб Ипсвич Таун, каде долгогодишно е и спонзор на дресовите.
Written by: Алек
Play албум Suffolk The Old Phone англиска музика Ед Ширан изненадувачки концерт Ипсвич паб поп ап настани фанови на Ширан